Купувајте од дома преку Вашето интернет банкарство


Ki-Pay претставува сервис за електронска трговија и електронски плаќања иницирани на интернет и проследени кон системот за електронско банкарство на банката за наплата од трансакциска сметка на купувачот. Ако веќе имате електронско банкарство, можете да почнете со користење на Ki-Pay веднаш без никакви дополнителни формалности.

Секаде каде што ќе го видите Ki-Pay логото на електронска продавница, може плаќањето да го извршите со Ki-Pay.

Листа на банки и трговци

Вашата успешна нарачка во неколку чекори


1. Избор на производи

Изберете производи во било која интернет продавница која го нуди Ki-Pay како метод на плаќање.
Откако ќе ја направите Вашата нарачка одберете плаќање со Ki-Pay.

2. Избор на банка за плаќање

Одберете една од банките учеснички во која користите електронско банкарство. По најава на електронското банкарство податоците од вашата нарачка ќе бидат автоматски пополнети. Се што треба да направите е да ја потврдите трансакцијата на вообичаен начин.

3. Потврда за успешна трансакцијата

За секоја трансакција преку сервисот Ki-Pay добивате потврда за успешно плаќање. Ki-Pay плаќањата се обработуваат веднаш, при што трговецот добива информација за успешното плаќање. Доставата на производите е обврска на трговецот.

Уживајте во купувањето.